696
Левица соопшти дека до претседателот на собранието Талат Џафери упатила писмено барање за одржување на специјална собраниска седница за пратенички прашања.
Од опозициската партија истакнуваат дека планираат да го отворат, како што велат од таму, контроверзното прашање за пропаста на „Еуростандард банка“ АД Скопје и на „тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните и јавниот интерес“.
Воедно, од таму бараат задолжително присуство на министерката за финансии Нина Ангеловска и на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска.