Левица синоќа свечено отвори нова канцеларија во Крива Паланка, која се наоѓа во центарот на градот.
„Народот се повеќе ја препознава идеологијата и вредностите на Левица – изградени на темелите на нашите предци кои го дале животот за Македонија и на кои почива вистината, праведноста и еднаквоста“ велат од партијата.
На отворањето присуствуваа претседателот на Левица, Димитар Апасиев, носителот на пратеничката листа на Левица во 3ИЕ Борислав Крмов, Александар Симонов член на Президиумот, членови на ЦК, симпатизери и гости од повеќе населени места.
Покрај свеченостите, претседателот Апасиев, Крмов и Симонов се осврнаа на престојните предизвици во текот на претседателската кампања како и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието и што тој зголемен капацитет ќе значи одбрана на националните и класните интереси на македонскиот народ.
,,Растот на партијата е евидентен. Претходно отворивме локални ограноци во поголемите градови, сега дојдоа на ред и помалите општини во Република Македонија. Овие средби и вашата поддршка не полнат со енергија да ја продолжиме нашата борба”, истакна Крмов.
Постојаниот раст на Партијата е доказ дека народот ја препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица, како нова идеја чие време допрва доаѓа, порачаа од Левица.