Левица обвинува: Се асфалтира мостот само за премиерската посета во Делчево

by irena 21:39
21:39

Мостот во близина на Делчево, кој речиси три години беше затворен и заборавен од институциите, доби привремено асфалтирање токму во пресрет на најавената посета на премиерот Христијан Мицкоски и владини претставници. Реакциите во јавноста не изостанаа, а особено гласна беше партијата Левица, која го обвини премиерот дека инфраструктурните зафати се прават селективно и само кога служат за партиска промоција.

Во објава на социјалните мрежи, од Левица обвинуваат дека властите не направиле ништо за жителите цели три години, додека проблемот со пристапот преку мостот останувал нерешен. Сепак, непосредно пред најавената премиерска посета и митинг, делницата е набрзина асфалтирана.

Слични вести