Ќе земеме за право да кажеме дека Левица, како политичка партија е единствената политичка организација на работниците. Оттука, во Левица како единствената работничка партија се инкорпорира сиот крик на потчинетите, но и судот за неправедностите и затоа ние водиме во борбата за враќање на националното, како и работничко достоинство и претставуваме закана, како за внатрешните, домашни, така и за надворешните, странски експлоататори, велат од Левица во денешната изјава за Нова Македонија по повод Денот на трудот.
-Имено, еден од познатите работнички слогани е и „Против колонијалното угнетување“, а Македонија под НАТО ја прави колонијално угнетена а македонскиот народ нацинонално обесправен, оттука работничката борба особено значи и политичка борба на работниците за добивање на политичка моќ преку која ќе се спротивстави на западниот империјализам и шовинистичките угнетувања кон македонскиот народ кои се прават од страна на соседните држави како продолжена рака на колективниот Запад. Македонските работници најдобро знаат дека тоа што Македонија се претвори во рај за странските инвестиции тоа значеше пекол за работниците како и уништување на националните капацитети на државата и угнетување на културата на македонскиот народ, стои во изјавата.