Пратениците на Левица најавуваат интепелација за потпретседателот на македонскиот парламент Антонио Милошоски, откако тој отпатува во Тајван на Самит за Кина.
Од оваа партија тврдат дека неговото патување во Тајпеј е спротивно на одлуките кои ги имало донесено Собранието, но и ги довел во прашање односите со Кина.
Самитот во Тајпеј се најде и на насловните страни на странските медиуми кои објавија дека Кина вршела притисок врз пратеници од најмалку шест земји, меѓу кои и од Македонија да не учествуваат на овој настан.
Милошоски, кој на социјалните мрежи објави фотографии од средби со пратеници дел од Самитот, не сакаше да ја коментира најавата за интерпелација.
На листата на кинеската влада се нашле и пратеници од Боливија, Колумбија, Словачка, Македонија, Босна и уште една азиска земја.
Ваквите чекори се реакција на позицијата која ја зазема Пекинг и претензиите кои ги имаат кон Тајван како кон своја територија.