Откако Левица со илјадници амандмани ги блокира анти-работничките и штетни закони за Коридорот 8, режимот на СДС и ДУИ повторно направи преседан преку кој ги сруши сите правни постулати, реагираат вечерва од партијата.
-Во скандалозна изјава, Маричиќ потврди дека европско знаме е ставено на пет закони за Коридорот 8, со цел да се заобиколи легитимната борба на Левица преку парламентарните механизми. Го потсетуваме Маричиќ дека концептот на филибастеринг не е преседан, туку напротив – неговиот коалиционен партнер Џафери го воведе филибастерингот за да го блокира Законот за бранители. Но, тогаш никој не се дрзна на ваков насилнички начин, со вршење на кривично дело, да го заобиколи филибастерингот – што потврдува дека ова е најнасилничкиот режим во историјата на Македонија!
Самоволието на оваа неспособна гарнитура ја разоткри самиот Маричиќ, кој потврди дека предлог-законите не се усогласени со европски акти и поради тоа, оставен е празен простор во делот за потребата од изменување на конкретните закони поради усогласување со законодавството на Европската Унија, велат од Левица.