1.4K
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека црвена линија на Левица за правење коалиција за формирање влада е поништување на Преспанскиот договор.
-Ако фалат на некој нашите пратеници за формирање Влада, Левица на маса веднаш ќе го стави поништувањето на Преспансиот договор. Тоа е нашата црвена линија за коалиција и по цена да не се формира Влада, а и да сме вечно во опозиција, вели Апасиев.