Левица ја обжали одлуката за пратениците кои гласаа во скафандери

by Fokus

Политичката партија Левица го обажли решението со кое се отфрла кривичната пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери и против двајцата пратеници од владејачката коалиција, Бисера Костадинова Стојчевска и Мирослав Богдановски, кои гласаа во Собранието додека беа позитивни на коронавирусот.

-Правниот тим на партијата поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство поради „суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба и повреда на Кривичниот законик“, се наведува во соопштението од Левица.

Во него се наведува дека согласно Протоколот за организирање на конститутивна седница бр. 02-2342/1 (30.07.2020), донесен од Собранието на РМ, е предвидено обезбедување присуство и сместување на пратеник на кој му е издадено решение за самоизолација, но кој е само суспектен, а не и позитивен на ковид-19.

Во април двајца пратеници од владејачкото мнозинство во заштитни одела присуствуваа на седница на која се гласаше за законите за финансиска помош за илјадници граѓани и компании.

Поврзани новости