Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа над 1.200 амандамни до Комисијата за здравство, за како што велат, да го спречат министерот за здравство, Венко Филипче, на заминување да отвори можност за приватизација на брзата помош и трансплантацијата на човечки органи.
Тие бараат отворање јавна расправа за ова прашање кое е во интерес на сите граѓани и итно повлекување на овој штетен закон од собраниска процедура.
-Венко Филипче, преку навидум бенигни измени на Законот за здравствена заштита, предложени по скратена постапка, денес – во Собранието на РМ – ќе се обиде да го протурка енормно штетниот план за отворање можност за приватизација на брзата помош и трансплантацијата на човечки органи, велат од Левица.
Оттаму велат дека Левица застанува одлучно против внесувањето на профитната бизнис логика во јавното здравство.
-За нас здравјето е политичко прашање од највисок приоритет и тоа не смее да биде третирано како додаток на луксузот, кое ќе биде достапно само за богатите, а недостапно за сите останати, додаваат од партијата.