Левица ги објави носителите на листи за парламентарните избори

by Fokus

Левица ги објави носителите на листи за парламентарните избори.

Во Првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата и актуелен пратеник Димитар Апасиев, во Втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во Третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во Четвртата изборна единица Сашко Јанчев, советник во Гевгелија, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во Шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар.

Парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај.

Поврзани новости