Левица: Детска кардиохирургија се сели кај „Жан Митрев“, судбината на бебињата во рацете на профитот!

by fokus

Левица остро реагираше по информација дека детската кардиохирургија ќе се сели во приватната клиника „Жан Митрев“. Според нив, овој потег е погрешен.

„Детската кардиохирургија се сели кај „Жан Митрев“ – со овие зборови денес медиумите ја пренесуваат веста за ПРИВАТИЗАЦИЈАТА на уште еден дел од здравствениот систем. Наместо да инвестира во подобрување на државното здравство, Владата истото го распродава, а државниот буџет го троши на атлантски интеграции. Сега, и судбината на бебињата до една година со најтешки срцеви маани ќе биде препуштена во рацете на профитот, а колачот од зделката ќе го делат корумпираните политичари и бизнисмените“, велат од Левица.

Поврзани новости