Левица поднесе законски измени за 50-годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места, со цел да се дестимулира намерното палење на шумите и подметнување шумски пожари.
-Потенцијални мотиви за подметнување пожари се земјиштето кое било зафатени од пожар да се урбанизира, на него да се изградат објекти, фотоволтаични централи и да се врши сеча на шумите. Затоа, законските измени коишто ги предложи Левица предвидуваат 50-годишна забрана за било каква урбанизација, изградба на објекти, фотоволтаични централи или сеча на шумите – рече пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, по повод поднесениот Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за шумите.
Според него, усвојувањето на овие измени ќе го направи подметнувањето пожари бесмислено и ќе го дестимулира намерното предизвикување на шумски пожари.