Левица бара референдум за кулите спроти „Холидеј Ин“

by Fokus

Советниците на политичката партија Левица во Општина Центар поднесоа две точки на дневниот ред на денешниот совет и бараат распишување на дополнителен референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат суспензија на ДУП-от во кој што се наоѓаат висококатниците спроти „Холидеј ин“. Со втората точка бараат истрага од службите на О. Центар за законитоста на отуѓувањето на градежното земјиште.

-Очекуваме без никаков проблем Советот да ги усвои овие точки и според нив да донесе одлуки со кои ќе распише референдум за спорните логации, согласно тоа службите на општината ќе преземат активности од нивна надлежност за отворање на истрага и активности во правец на поднесување на поднесување на претставки за до надлежните институции за отворање на истрага.-Левица.

На првата од трите 20-катници се работи веќе преку еден месец, а просторот е веќе затворен и со заштитна ограда. Само за оваа зграда инвеститорите исплатија комуналии од речиси 2ипол милиони евра.

Во однос на правосилната пресуда и можните импликации при стопирањето на изградбата од Левица велат дека, колку што нив им е познато нема да има финансиски импликации, а упатија порака и до центарци.

Но, иако би имало проценката ќе биде наша и на граѓаните дали е подобро да се узурпира и нехумано да се гради во Центар или да се плати за нешто што ние го викаме, кога погрешно гласаш, треба и да си го платиш.

Отпочнатата зграда ја гради МГ Фешн заедно со МПЦ која е сопственик на земјиштето, а следна на распоред е станбена зграда од 22 ката, по нејзе ќе следи деловен трговски центар од 16 ката.

Поврзани новости