Левица денеска побара разрешување на министерот Јетон Шаќири и на директорот на Бирото за развој на образованието (БРО), Зекирија Хасапи.
-Неодамна, Бирото за развој на образование на својата веб страна објави насоки за реализација на наставата од прво до шесто одделение, по новиот скандалозен концепт, и истите ги достави до училиштата. За работите да бидат дополнително усложнети, насоките од БРО се судираат и косат со важечките законски прописи од Законот за основно образование и Законот за учебници. Насока која се коси со важечките законски прописи е минималниот пропишан неделен фонд на часови кај модуларните наставни предмети (15 односно 16 часа)! Само за споредба, согласно важечките законски прописи, минималниот пропишан неделен фонд на часови изнесува 20 наставни часа. За најголем дел од новите наставни предмети речиси не постои соодветно квалификуван кадар. Учебниците, според споменатите насоки, се прогласени за незадолжителни, што е во спротивност на важечкиот Закон за учебници!, велат од партијата.