Левица бара патните трошоци за пратениците да одговараат на автобуски билет

by Фокус

Опозициската Левица бара законски измени, со кои патните трошоци за пратениците од постоечките 20 проценти за изминат километар да се спушти на пет проценти.

-Според нашите калкулации, во тој случај цената ќе биде изедначена со онаа на повратен билет за патување со автобус. Пластичен пример, патувате од Куманово, најблиската дестинација, 40 км наваму, 40 км натаму. За 80 км вие добивате 1.000 денари, а реалниот трошок изнесува 300 денари, 700 денари ви ги дава собранието бакшиш – изјави за Канал 5 лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Истражувањето на Левица покажало дека македонските пратеници добиваат најмногу буџетски пари по основ на патни трошоци во споредба со нивните колеги од другите европски држави.

Поврзани новости