Левица денеска побара владата да посвети повеќе внимание на работата на Трудовиот инспекторат, со цел да се превенираат несаканите несреќи на работното место.
-Несреќниот случај, во кој паднаа од скеле тројца работници, кај клучката Миладиновци, само потврдува дека насушно потребна е агилна и навремена реакција на Трудовиот инспекторат. Во услови на екстремно високи температури, газдите се обврзани да ги заштитат работниците со цел да се спречат несаканите негативни последици. Затоа, очекуваме драстично поагилни реакции од страна на Трудовиот инспекторат и пропишување на соодветните казни за газдите кои не ги почитуваат одредбите од ЗРО, стои во соопштението на Левица.
Од Левица додаваат дека е време да се почувствуваат суштински промени во насока на почитување на работничките права, а не само да се продава евтин популизам.