Левица поднесе нов-предлог закон за уставни судии. Предлагаат уставни судии да не можат да бидат оние кои вршеле политичка функција седум години пред изборот. Во таа група ги ставаат поранешните министри, пратеници и лица кои извршувале функција генерален секретар.
Според Левица, уставен судија не треба да биде судија кој доаѓа од Кривичен и Апелациски суд, туку само од Врховен. Исто така, тие предлагаат сите идни уставни судии да имаат само македонско државјанство. Со ова законско решение Левица предлага да се распушти актуелниот состав во Уставниот суд и да се изберат сосема нови 9 судии.
-За првпат предлагаме предлог – закон за уставни судии каде што стриктно ќе се пополни правната празнина којашто досега постои во Уставот, а тоа е фоскулата ‘истакнат правник’. Имено, досега постоеше само еден услов за уставни судии, а тоа е да е истакнат правник, па така ни се случуваше правник од селска кооперација, да стане уставен судија – рече партискиот лидер Димитар Апасиев.