761
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постави нов рекорд за најмногу погодоци во Бундеслигата во една сезона.
Левандовски попладнево го постигна 41. гол во Германското фудбалско првенство во 9+1. минута во последното, 34. коло на средбата со Аугсбург (5:2). Полјакот го надмина достигнувањето на легендарниот германски фудбалер, Герд Милер, кој имаше 40 гола во германскиот шампионат 1971/72.
Баерн ја освои шампионската титула со 78 бода, седум повеќе од второпласираниот Лајпциг.