283
Помеѓу јуни и август оваа година, 990 луѓе загинаа во бродоломи во централниот Медитеран, најопасната морска рута во светот, која ги поврзува Северна Африка и Европа.
УНИЦЕФ објави дека 334 мигранти ги загубиле животите во таа област во текот на минатото лето.
11.600 малолетници без придружба се обиделе да стигнат до Италија од јануари до средината на септември – 60 отсто повеќе отколку во истиот период лани кога се регистрирани 7.200.
Според Високиот комесаријат на ОН за бегалци, од почетокот на годината досега имало повеќе од 2.500 мртви или исчезнати мигранти, што е зголемување за педесет отсто за една година.