Летово ја посетиле Грција само четири милиони туристи

by Fokus

Грција бележи драстичен пад на бројот на туристи. Летово ја посетија само 4 милиони. За споредба, во минатата година беа речиси 30 милиони. Сега сите се надеваат дека барем есента ќе биде подобра.

Во воздухот се чувствува мирис на октопод на скара и свежо маслиново масло. Во кафеаната на пристаништето во сликовитиот стар град во Ханија на Крит и летово беа пополнети речиси сите маси. На пријатните вечерни температури во својот годишен одмор уживаа туристи од Германија, Италија, Франција…Но, само неколку улици подолу – сѐ е празно.

Деспина Папатели има апартмани. Поради корона вирусот смеела да почне да ги изнајмува дури од 1 јули. Но, гости на почетокот немало.

„Август беше подобар, тогаш имавме околу 50 отсто промет во споредба со минатата година. Секако, многу очекувавме од септември“, раскажува таа.

Но, бројот на заразени со корона вирусот во Грција во август нагло порасна, но не толку драстично како во Шпанија и во Франција.

„Повторно имавме одреден број откажувања на резервациите. Луѓето не се осудуваа да патуваат. Стравот ги спречи одморот да го поминат во странство“, објаснува Деспина Папатели.

Поврзани новости