Летовите меѓу Скопје и Атина се враќаат од понеделник

by Фокус

Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс“ соопшти дека од понеделник летовите Атина-Скопје повторно продолжуваат со работа, така што, според најавите, ќе се лета два пати неделно со авион од типот „АТР42“.

Авиоврската беше суспендирана на почетокот на ковид пандемијата лани во март, a влезот во Грција е се уште забранет за најголем дел граѓани од земјите надвор од Европската Унија.

Пред две недели, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи потпиша во Атина повеќе билатерални договори.

Поврзани новости