Летовите кон Иран ќе бидат сопрени

by fokus

Авиокомпаниите Бритиш ервејз и Ер Франс денеска најавија дека следниот месец ќе ги запрат  летовите кон Иран, со образложение дека тој лет не е „комерцијално одржлив”.

Повторното воведување санкции на САД кон Иран предизвика пад на вредноста на иранската валута, риал, што на граѓаните на Иран им го отежна патувањето во странство, пренесува Би-Би-Си.

Британската компанија повторно воведе летови за Техеран пред две години, по четиригодишен прекин, и како што наведе, последниот лет за тој град ќе биде на 22 септември.

Ер Франс, која реализираше летови до Техеран преку нискобуџетната компанија Џун од почетокот на август наместо три има еден лет за Техеран и најави дека летовите во целост ќе бидат прекинати од 18 септември.

И КЛМ соопшти дека исто така ќе ги прекине летовите за Техеран преку Амстердам од септември.

Поврзани новости