Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до крајот на неделата ќе именува нов комесар за проширување на ЕУ, а странските медиуми на актуелниот потпретседател на Европската комисија и поранешен премиер на Латвија, Валдис Домбровскис, му даваат најголеми шанси за таа позиција.
Валдис Домбровскис веќе има големо искуство во Европската комисија, со оглед на тоа што стана член во 2014 година. За време на мандатот на Жан-Клод Јункер, од 2014 до 2019 година, Домбровскис беше европски комесар задолжен за еврозоната, социјалниот дијалог, финансиските услуги и пазарите на капитал.
За време на првиот мандат на Урсула фон дер Лајен како претседател на ЕК од 2019 до 2024 година, Домбровскис беше извршен потпретседател за економија која работи за луѓето, портфолио што ги покриваше областите што тој претходно ги покриваше – економска и монетарна унија и социјални права.
Домбровскис беше премиер на Летонија од 2009 до 2014 година, а претходно беше пратеник во Европскиот парламент.
Тој е основач на партијата Единство, која во моментов е дел од владејачката коалиција во Летонија.