Лешоски ја поздрави одлуката на Министерство за култура: Подобро не можеше

by fokus

Поетот, Дарко Лешоски, кој се повлече од Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, денеска им упати честитки на новите членовi и на претседателката на Одборот, неговата професорка од катедрата по општа и компаративна книжевност, Елизабета Шелева.

„Нема човек кој искрено ја сака СВП и Струга, а да не се радува што Димитрие Дурацовски  е денес таму каде што е! Со среќа нека е чичко Димче остани да бидеш помлад од многу мои врсници. Искрени честитки Лидија, честитам драга професорке од срце. Честитки Министерство за култура, подобро не можеше. Честитки за Струшки вечери на поезијата – задоволство ми беше да го вратиме вниманието“, напиша Лешоски на својот фејсбук профил.

За членови на Управниот одбор, освен Шелева, министерот, Роберт Алаѓозовски, ги именува поетесата Лидија Димковска и сликарот и писател Димитрие Дурацоски.

Поврзани новости