Леонид Индов отиде на лекување во Виена со првиот меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер

by Fokus

Денес, сите заедно да му посакаме на младиот Леонид мирен и безбеден лет до Клиниката во Виена, и што побрзо да се врати во добра општа состојба по планираниот оперативен зафат во Виена.

Рано утринава во 06.30 часот, персоналот и управата на Градската Општа Болница 8ми Септември, Доц. Д-р Татјана Тројиќ спец. анестезиолог, Др. Јасмина Панова спец. анестезиолог, мед.сестра анестет. Марина Јанчева и Проф.Д-р Христијан Костов, со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го организираа првиот меѓународен лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за медицинско лекување беше транспортиран пациент – младото момче Леонид Индов од Скопје до Виена, Австрија.

После интензивни договори, болницата набави и вгради најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт.

 

Поврзани новости