Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид „уловени“ како разменуваат нежности

by fokus

Холивудскиот актер, Леонардо ди Каприо кој неодамна се раздели со долгогодишната девојка Камила Мороне по четири години врска, наводно е во врска со дваесет и седумгодишната манекенка Џиџи Хадид.

Оскаровецот (47) и 20 години помладата манекенка Џиџи Хадид (27) се дружеле во Њујорк, велат извори за People, а сега конечно објавени се и први фотки од потенцијалниот пар.

– Биле видени како се дружат со различни групи луѓе, а на една забава се „уловени“ како разменуваат нежности и се доста блиски.

Иако по раскинувањето на врската со Мороне се шпекулираше дека Ди Каприо не сака девојки постари од 25 години, сепак Ди Каприо со оваа врска можно е да ги демантира гласините.

Поврзани новости