Малиот Леон, дете без родители, кое од три месеци бил сместен во јавни установи и за него водела грижа државата, од пред Нова Година со процесот на деинституционализација е сместен во мал групен дом во селото Корешница близу Демир Капија, потврдуваат извори за „Фокус“ од Министерството за труд и социјала.
-Леон е во добра состојба, има службено старателство, сместен е во мал групен дом со тројца цимери за кои има 24 часовна нега и грижа, а со него работата три стручни лица согласно праксата, велат извори за „Фокус“ од МТСП.
Случајот „Л.Р. против Северна Македонија“ го покренува Хелсиншкиот комитет за човекови права по посетата на Народниот правобранител на Центарот за рехабилитација „Бања Банско“, каде што детето престојувало во 2013 година и каде што била затекната стравотната слика – момчето било врзувано со јаже за креветот со образложение дека тоа било за негова безбедност бидејќи било хиперактивно.
Дополнително на ова, осум стручни лица ставиле потпис на наодот во кој се вели дека Леон има физичка и психичка попреченост и е со телесен инвалидитет во тешка фирма, за подоцна Заводот за заштита и рехабилитација на деца младинци во Топанско Поле – Скопје да констатира дека тој е жртва на погрешна дијагноза.
Леон бил во оваа институција до пред Нова Година, од каде е сместено во мал групен дом.
Со шест гласа „за“ и еден „против“, Европскиот суд за човекови права пресуди Северна Македонија да му плати на жалителот 18.000 евра за морална штета и 1.650 евра за судски трошоци.
С.Т.