824
Андреа, која годинава ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022 во Италија, пред камерите го покажа Лео, нејзиното милениче, упатувајќи порака до јавноста дека милениците се членови на семејството кои не смеат да бидат напуштени.
-Ова е моето 10-годишно бебе, Лео, тој на сите дома ни е како бебе, член е на нашето семејство. Не ги напуштајте милениците- изјави пејачката. Видеото со неа и Лео е дел од кампањата на ЗОО Скопје и „Лајка“.
Се работи за проект за подигање на свеста против напуштање на милениците и одговорно сопствеништво.
Како потсетување, Андреа ќе настапи на Евровизија на 12-ти мај, во втората полуфинална вечер, со песната „Circles“.
Вики Клинчарова