Ленин со видео: Како Данела дрско лаже дека во кампања не се возела со приватен автобус

by fokus

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски денеска објави видео со, како што напиша, патолошките лаги на Данела Арсовска, чиј поддржувач беше во изборната кампања.

Од видеото може да се види како градоначалничката на Скопје вели дека во видеото направено за време на нејзината изборна кампања, таа се возела во автобус на ЈСП, а, според снимките, сепак се возела во автобус на „Слобода превоз“.

-Ви се смее, во очи ве гледа и ДРСКО ЛАЖЕ.
На прашањето на новинарот дека во кампањата се возеше со приватен автобус БЕЗ СРАМ И ПЕРДЕ му реплицира: “напротив се возев со автобус на ЈСП Скопје”. А еве на протестите видете го и автобусот (со рег.табл. и гаражен број) и возачот од Слобода Превоз и сите други кои ги лажеше. Сега по 33 години работа и нив ги остави без пари, а Скопјани без превоз кој сега и за пари го нема., напиша Јовановски.

Инаку, Јовановски беше дел од изборната кампања на Арсовска како нејзин голем поддржувач, а заедно ја славеа и победата на изборите. Тогаш Јовановски ги убедуваше скопјани да гласаат за, како што ја нарекуваше, жената-титан, а сега ја нарекува биполарна личност и патолошки лажго.

Поврзани новости