СЈО и во иднина ќе отвора истраги, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска, на конференција организирана од Институтот за европска политика ЕПИ. Таа изрази надеж дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена и на случаи од висока корупција.
-Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена и на случаите од висока корупција. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа – порача таа.
Обвинителката додаде дека имале голем број предистражни постапки со меѓународен елемент и сето тоа го одолжувало моментот за одлуки.
Според неа СЈО донело иновативност и нови концепти на тимска работа, како и мултидисциплинарен прстап на истрагите. Во таков пристап, посочи, најважна е соработката со институциите.
– Најзначајната карактеристика на СЈО е токму автономијата. СЈО ги поседува потребните капацитети за борба против криминалот и реформите нема да бидат целосни ако не се опфати и СЈО – рече Ристоска.