Ленче Ристоска конечно доби канцеларија во Обвинителството на вториот мандат во Европравда

by Fokus

Обвинителката Ленче Ристоска која неодамна доби втор мандат како јавен обвинител за врски со Европравда конечно доби канцеларија во Јавното обвинителство. Клучевите за канцеларијата и ги предаде новоименуваниот републички обвинител, Љупчо Коцевски.

-Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Коцевски денеска се сретна и со назначениот јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија со Европравда Ленче Ристоска.

Двајцата разговараа за тековните состојби и предизвици во работењето на канцеларијата за врски, со особен акцент на важноста на навремена и експедитивна меѓународна соработка во кривичните постапки.

Со оглед на околноста што непосредно претпоставен обвинител на обвинителот за врски е државниот обвинител, на обвинителката и беше доделена канцеларија и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, соопшти Јавното обвинителство.

Ристовска со години немаше работна канцеларија во Обвинителството иако и претходно беше обвинител за врски со Европравда, а работата ја извршуваше од старото седиште на Специјалното јавно обвинителство. Два пати конкурираше за виш јавен обвинител, но не доби унапредување од Советот на јавни обвинители.

Отворено зборуваше и ја критикуваше работата на Советот на јавни обвинители и доби и дисциплинска постапка.

Поврзани новости