Ленче Николовска именувана за посебен советник на премиерот

by fokus

Поранешната новинарка и пратеничка, Ленче Николовска, ќе го советува премиерот Зоран Заев за прашања поврзани со земјоделството, шумарството и водостопанството. Николовска е именувана за посебен советник на претседателот на Владата, објави „Ако.мк“.

Николовска е инаку претседател на Агросоветот на СДСМ. Како пратеник во Собранието од редовите на СДСМ беше и претседател на Собраниската комисија за земјоделство шумартсво и водостопанство. Последната функција која што ја извршуваше беше советник во кабинетот на Дополнителниот заменик министер во техничката влада.

Поврзани новости