Приватното здравствено осигурување станува уште позначајно во актуелните услови на Ковид пандемија, која веќе подолг период го преоптоварува јавниот здравствен систем.
Во вакви околности приватно здравствено осигурување нуди брз и лесен пристап до квалитетна здравствена услуга во приватните болници, навремена дијагностика и резултати.
СН Осигурителен Брокер за само 515 денари месечно овозможува приватно здравствено осигурување преку пакетот “SN EuroHealth”.
Со него, по достапна цена осигурениците можат да се лекуваат во сите приватни здравствени установи во Македонија и користејќи го овој пакет за осигурување да си го олеснат товарот од трошоците за здравствени услуги.
Полисата за приватно здравствено осигурување обезбедува финансиска стабилност при непредвидени здравствени ситуации, обезбедувајќи приватно лекување во сите приватни болници во државата.
Со приватното здравствено осигурување се покриваат трошоците за следниве здравствени услуги:
– Специјалистички прегледи;
– Основни дијагностички мерења, снимања;
– Лабораториски анализи и испитувања;
– Амбулантски интервенции;
– Амбулантска рехабилитација;
– Комплексни дијагностички постапки;
– Трошоци за лекови пропишани на розов рецепт над 300ден.
– Дневна болница и дневна хирургија;
– Болничко лекување со хоспитализација до три дена и без оперативен зафат;
– Трошоци во случај на оперативни зафати во согласност со Листата на операции.
– Дел од стоматолошки интервенции.
Подетални информации може да се добијат на веб страната www.snbroker.mk и на телефонскиот број 15 770.
ПР текст