Тим научници од Универзитетот во Кардиф во Велс, открија начин за уништување на ракот на простата, гради, бели дробови и на други органи. Откритието е објавено во списанието „Нејчр имунолоџи“.
Наодите сè уште не се тестирани на пациенти, но се нагласува дека откритието има огромен потенцијал, иако е во рана фаза на истражувањето.
Имуниот систем природен одбранбен механизам од инфекции кај човекот. Како што изјави д-р Гери Далтон, научниците дојдоа до сознанија дека Т-клетките во крвта, веројатно се природна заштита и од појава на рак и тумори.
– Овде имаме шанса – секој пациент да биде излечен. До скоро се веруваше дека тоа е невозможно. Овие наоди ги зголемуваат можностите за лекување на рак, оти Т-клетката е способна да уништи различни видови рак кај луѓето, истакна истражувачот Ендрју Суел.
Засега, истражувањето е тестирано само на животни во лабораториски, а пред да прејдат на луѓето, на научниците би им биле потребни уште одреден број безбедносни проверки.