Лекот „Трикафта“ е стигнат во државава

by Fokus

Лекот „Трикафта“ е стигнат во државава, потврди претседателот на Асоцијацијата за цистична фиброза, Фики Гаспар.

Тој посочи дека лекот пристигнал во земјава пред два дена, но дека се уште не е дистрибуиран до клиниката, бидејќи се чекаат да завршат административните процедури.

„Сега треба да поминат бирократски процедури, царина, одобрување, едно, друго… Но, најверојатно, иако неофицијално, веќе в петок можеби пациентите ќе бидат повикани за примање на самиот лек. До крај на недела би требало да стигне на клиника“ вели Гаспар.

Тој денеска имал средба со министерот за здравство Фатмир Меџити на која разговарале за идните активности.

„Разговаравме за многу работи, за плановите што ги има за понатаму. Запознаени се со сѐ, ќе ја тераме работата како што ја тераме досега“ – додаде Гаспар.

Поврзани новости