Лекарската комора почнаа преговори со ФЗОМ за договорите за ПЗЗ

by fokus

Делагација на Лекарската комора на Македонија, придружени од претставници на Комисијата за следење на промените во здравствениот систем и на повеќе здруженија од примарната здравствена заштита (педијатри, гинеколози и лаборатории), денеска ги почнаа преговорите со Фондот за здравствено осигурување на Македонија за договорите за извршување и плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита.

-Во исклучително конструктивна атмосфера беше истакнато дека и Фондот и докторите се подготвени низ дискусија да се најде најсоодветното решение во рамките на законската регулатива и буџетот на ФЗОМ, за давателите на услугите, но пред за корисницитте, односно осигурниците и граѓаните на Р.Македонија, соопштуваат од Лекарската комора на Македонија.

Од Лекарската комора информираат дека на средбата со директорите на ФЗОМ, Ден Дончев и Орхан Рамадани, е договорено продолжението на оваа средба да се оддржи во текот на наредната недела.

Поврзани новости