Лекарска комора: Трагедијата на др. Нешковски да не се злоупотребува за партиски цели

by fokus

Лекарската комора реагира на пишувањата по социјалните мрежи околу смртта на др. Трајче Нешковски по собраќајката која се случи вчера откако добил срцев удар додека возел на улица „Рузвелтова“, по што се судрил со автомобилот во дрво.

-Сметаме дека до добивање на извештаите од истрагата и обдукцијата на докторот е некоректно да се истапува со вакви постови за докторот кој во изминатите месеци пожртвувано работеше во ковид центрите низ Републиката. Да не заборавиме дека тој самопрегорно и пожртвувано се бореше за животите на нашите граѓани кои беа инфицирани од ковид 19 во текот на специјализацијата која ја извршуваше во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија Скопје. Партиската определба е лична работа на секој поединец и сметаме дека вакви трагедии не треба да се злоупотребуваат во партиски цели, велат од Комората.

Оттаму апелираат до медиумите да се оградат до добивање на официјалните информации од надлежните служби на МВР и Судска медицина и да се воздржат од понатамошни коментари за трагедијата во која загина Нешковски.

Поврзани новости