Лекарска комора: Немаме ниту пари, ниту законски можности да ги заштитиме докторите

by Фокус 19:00
19:00

Лекарската комора нема материјални средства, а нема ни законски можности да го штити докторот, ние само можеме да бараме од ресорното Министерство и од директорите во јавните и приватните здравствени установи докторот да се заштити, рече претседателот на Лекарската комора, Кочо Чакаларовски, на пресконференцијата по денешните настан на Клинка кога син на почината пациентка пукаше во доктор.

-Доколку се докаже дека јас сум виновен што докторите се напаѓани затоа што организациски не сум ги заштитил нека кажат каде сме згрешиле и во што. Во последните две години интензивно работиме на донесување на закон за доктори. Ние ќе инсистираме законот кој нашата комисија го изготвува, Министерството за здравство како интегрален текст да го прифати и да се изгласа, изјави Чакаларовски.

- Advertisements -

Тој објасни дека во новиот предлог-закон ќе бидат опфатени заштитата на докторот на работното место, како и воведување на минимална плата за лекарите.

 

Поврзани новости