Лекарот кој силуваше стотина гимнастичарки e избоден во затвор

by Фокус

Поранешниот доктор на американскиот гимнастички тим Лоренс, Лери Насар, се скарал со друг затвореник во затворот во Флорида, при што се здобил со повеќе убодни рани.

Две лица запознаени со инцидентот изјавија за „Асошиејтед прес“ дека Насар бил избоден со нож во неделата во поправната установа Колман и дека денес е во стабилна состојба.

Поранешниот доктор беше обвинет за сексуална злоупотреба на стотици гимнастичарки.

Негови жртви беа познатите шампионки како Симон Билс, Али Рајсман и МекКејла Марони.

Една од нив откри дека Насар првпат ја силувал кога имала 13 години.

Истрагата на ФБИ против главниот лекар на гимнастичкиот сојуз, Насар, започна во јули 2015 година, откако претседателот и извршен директор на Ју-ес-еј Гимнастикс, Стивен Пени, ги пријави наводите до теренската канцеларија на ФБИ во Индијанаполис и им ги достави на агентите имињата на трите жртви кои беа подготвени да бидат интервјуирани.

Насар беше осуден на 60 години затвор во 2017 година за поседување и дистрибуција на детска порнографија, а подоцна беше осуден на дури 175 години затвор за сексуално злоставување стотици гимнастичарки.

Поврзани новости