Лекарите со препораки за новогодишната ноќ

by Fokus

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување, во состав на ЈЗУ „Здравствен дом -Скопје“ известува дека за време на новогодишните празници ќе функционира 24 часа.

На новогодишната ноќ, достапни ќе  бидат  дежурните  ординации  за здравствена заштита во трета смена ,недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“  и „Бит Пазар“.

Исто така, со секојдневното работно време, ќе функционира и единицата за домашна посета.  Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош  ги дава следните препораки:

  • Редовно земање  терапија кај хроничните болни
  • Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост
  • Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди
  • Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот
  • Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици

Поврзани новости