Лекарите не направиле точна проценка и првично утврдиле дека на телото нема видливи траги на насилство, вели раководителот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, но порачува дека тука нема никаква одговорност кај лекарите бидејќи тие направиле се за да му го спасат животот на ракометарот Денис Тот.
Тој за Телевизија 24 вели дека Обвинителството како орган веднаш постапило кога добиле известување од Министерството за внатрешни работи и ги издало сите наредби кои биле потребни за да се расчисти случајот.
Сепак и тој и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски констатираа дека лекарите постапиле правилно и при пријавувањето на случајот. Веднаш штом бил донесен ракометарот на КАРИЛ, веднаш била известена полицијата.
Хрватскиот ракометар, Денис Тот беше претепан до смрт пред дисокетата Привилиџ во Скопје. Три лица се во притвор, осомничени за убиството.