Лекарите кои одбиле да се вакцинираат против Ковид-19 со право биле суспендирани од работа, пресуди италијански суд

by fokus

Суспензијата на лекарите кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19 е законска, пресуди италијански суд во случајот на 10 лекари кои поднесоа тужба поради отпуштање од работа.

Судијата на градот Белуно во Венето, Ања Травија ја отфрли жалбата на 10 здравствени работници во два геронтолошки центра, кои беа суспендирани во февруари, бидејќи одбија да примат вакцина против коронавирусот, пишува весникот Гардијан.

– Ефикасноста на вакцината во спречување на негативниот развој на болеста предизвикана од вирусот е добро позната и таа драстично ги намалува смртните случаи меѓу категориите на население, како што се здравствените работници или специјалистите во геронтолошки центар, нагласи судијката во образложението на пресудата.

Поврзани новости