Лекари-специјалисти со партиска книшка или со дебели врски!

by Fokus

Кој сѐ се вработува на клиниките и колкава стручност имаат нововработените е редовна мета на критики и на социјалните мрежи, каде што нивните постари колеги со име и презиме ги ставаат на „ѕидот на срамот“, спорејќи ја нивната стручност и, како што велат, незнаење.

Тие во детали објаснуваат на кој начин е „средено“ вработувањето, кој е врската, со колкав просек дипломирале и зошто рангираните пред нив не успеале да влезат.

Поточно, не влегуваат најдобрите на листата, првите пет или колку и да е бројката, туку како на лотарија – кој ќе добие партиски пас? Што значи, огласите се само колку да се помине законската процедура. А, веќе предвреме се знае како ќе се заврши целата работа.

Според дел од лекарите, дебелите врски, парите и партиската книшка се главните критериуми за влез на работа во јавното здравство, како и пропусница за добивање специјализација и субспецијализација.

Но, тоа, како што додаваат е и најстрашното, бидејќи тие истите утре треба да лекуваат луѓе.

Пред само неколку месеци, објавен интерен оглас во една од скопските болници беше причина повторно да се разбрануваат прашањата за целата шема на вработувања во јавното здравство. На оваа тема не се пишува првпат, но досега нема никаков ефект.

Според документите со кои располага „Фокус“, во септември бил објавен интерен оглас за упатување на специјализација и субспецијализација од областа на педијатриска пулмологија.

На огласот биле пријавени десет кандидати, кои ги доставиле потребните документи, а кои ги разгледувала Комисија за бодување, специјално формирана за таа намена од страна на актуелниот директор на болницата.

Во документите се наведува дека Комисијата изготвила записник со ранг-листа на пријавените кандидати и таа ја доставила на Управниот одбор на болницата.

На самата листа може да се забележи дека една од кандидатките е одбиена за субспецијализација во областа на педијатриската пулмологија.

Се манипулира со бодовите и нормално добива некој нивни што не заслужува да добие. Добиваат вториот, четвртиот, седмиот и деветтиот од ранг-листата – објаснува во изјава за „Фокус, една од кандидатките.

Таа, разочарана од ваквата одлука, поднесува жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка со образложение дека погрешно е применето материјалното право и погрешно е утврдена фактичката состојба.

Барам Комисијата да ја поништи одлуката за неизбор и предметот да го врати на повторно разгледување и одлучување пред првостепениот орган, со цел да ми се овозможи избор за субспецијализација.

 

Според член 149, за субспецијализација ги упатува според следниве критериуми и сооднос 40 отсто од бодовите за просечниот успех на кандидатот постигнат во високото образование, 20 отсто за успехот по предметот во областа од која се доделува субспецијализацијата, 20 отсто од должината на работното искуство и 20 отсто за работа во областа во која ќе субспецијализира“, се наведува во документите со кои се располагаме.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости