591
Тим на лекари од Тајланд соопшти дека користењето на комбинација на лекови за грип и вирусот ХИВ придонело за подобрување на состојбата кај заболените од новиот коронавирус.
Лекарите од една болница во Бангкок соопштија дека новиот третман придонел до значајно подобрување на здравствената состојба на неколку пациенти за 48 часа од давањето на првата доза.
Меѓу пациентите, како што наведоа лекарите од Тајланд, се нашла и една 70-годишна пациентка од кинескиот Вухан, која заболела од вирусот пред 10 дена.