571
Лекари во Полска извадиле 100 килограми тешка циста на јајниците на 24-годишна пациентка, соопшти Универзитетската болница во градот Жешов.
Големината на цистата беше околу еден метар, рекла гинекологот Ана Богачик, пишува Index.hr.
Според информациите, пред една недела во болница се пријавила девојка со висина од 158 сантиметри и тежина од 182 килограми. Прегледот бил исклучително тежок, бидејќи пациентот не можел да се смести во скенерот, велат лекарите.
„Како медицински тим, генерално знаевме за што станува збор“, изјавил началникот на гинекологија – Томас Клуз.
За време на операцијата, лекарите извадиле околу сто литри течност, а потоа ја отстраниле цистата.