Лекар од хируршките клиники синоќа бил прегазен, тој е во кома, а возачот избегал

by Fokus

Лекар од хируршките клиники синоќа бил прегазен на Водњанска. Тој во моментов е хоспитализиран со тешки повреди и е во кома, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, возачот кој го прегазил лекарот е 16-годишно момче, кое веднаш избегало од местото на настанот.

Од МВР за „Фокус“ потврдија дека синоќа на истата улица е удрен пешак, кој е префрлен на лекување на скопските клиники.

„На 25.02.2021 во 20,30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.“Мајка Тереза“ и ул.“Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило “БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16- годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во одговорот од МВР.

И.М.

 

 

Поврзани новости