642
Скопјанка на возраст од 29, утрово околу 05.45 часот пријавила дека во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра, по претходна расправија била физички нападната од Т.М. од Охрид.
Мажот кој ја нападнал медицинската сестра има 33 години и е вработен како лекар.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, информира МВР.