557
Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ги призна можните недостатоци во набавката на вакцините, но истовремено негираше дека тие биле нарачани предоцна. Таа предупреди дека ЕУ мора да се подготви за сценарио во кое вирусот повеќе не може да биде потиснат од актуелните вакцини.
-Ако порано ги сфатевме тешкотиите во масовното производство, тогаш ќе ги намалевме прекумерните очекувања за брза вакцина на сите нивоа порано – рече Фон дер Лејен за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Таа посочи дека е потребно денес да се направат подготовки за сценарио во кое вирусот повеќе нема да може доволно да се потиснува со сегашните вакцини и додаде дека поради тоа ЕУ тесно соработува со науката и индустријата.