Поп-пејачката и актерка Лејди Гага се огласи на Твитер во четвртокот за да потврди дека е дел од актерскиот тим на претстојното продолжение на психолошкиот трилер „Џокер“, а воедно сподели и музички тизер.
Музичкиот клип прикажува силуети кои танцуваат заедно на звуците на песната Cheek to Cheek, која ја напиша Ирвинг Берлин во 1935 година за филмот Top Hat на Фред Астер и Џинџер Роџерс.
Имињата Феникс и Гага трепкаат на екранот.
Продолжението на филмот „Џокер“ со повторно учество на американскиот глумец Хоакин Феникс ќе се прикажува во кината од 4 октомври 2024 година, објави продуцентската компанија „Ворнер брос“.
Хоакин Феникс доби „Оскар“ за најдобра улога за „Џокер“.
И новиот филм повторно ќе го режира Тод Филипс, а според порталот „Дедлајн“, почетокот на снимањето е закажан за декември.
Џокер беше објавен во 2019 година и освои два „Оскара“ – за најдобра филмска музика (композитор: Хилдур Гурнадотир) и за најдобра главна машка улога.