Лејди Гага нема да пее на Оскарите

by Fokus

Лејди Гага нема да настапи на Оскарите 2023 на 12 март во театарот „Долби“ и покрај тоа што е номинирана за нејзината песна во Топ Ган: Маверик.

„Имаме одлични односи со Леди Гага , но таа е во средината на снимањето на филм во моментов, и тука ја почитуваме филмската индустрија и она што е потребно за да се направи филм“, рече продуцентот на Оскарите Глен Вајс во средата, за време на прес-конференцијата на креативниот тим на Оскарите.

36-годишната добитничка на Греми, која доби награда за Оскар во 2023 година за „Hold My Hand“, моментално работи на продолжението на Џокер, Folie à Deux, и затоа е недостапна за настанот во недела на 12 март.

Иако Гага нема да излезе на сцената во недела, таа претходно проговори за тоа каква чест е да биде номинирана за нејзината четврта награда Оскар.

Поврзани новости